ВИДЕО: Кавани го покани Меси на тепачка, тој му врати - „Кога сакаш“!

Јужноамериканското дерби меѓу Аргентина и Уругвај го одбележаа жестоките вербални дуели на Единсон Кавани и Лионел Меси, а двајцата влегле во поголем конфликт за време на паузата, во тунелот.

Двајцата покажаа големо нетрпение еден кон друг на теренот, а ситуацијата кулминирала во тунелот. Единсон Кавани во еден момент за време на мечот при првата кавга го поканил Меси на тепачка, а тој не останал нем и му возвратил вербално и му рекол „Кога сакаш!“.

Двајцата потоа се судриле и во тунелот, а за ситуацијата да не излезе надвор од контрола се погрижил клупскиот соиграч на Меси, Луис Суарез, кој двоел и кој бил „медијатор“ целата ситауција да се смири.