Кавани е замената за Агуеро, Барса формира ново напаѓачко трио

Кавани

Барселона размислува за летните засилувања, кои треба да го вратат тимот на врвот на европскиот фудбал.

Тренерската позиција сега е завршена работа, па се гледа на идните играчи кои би можеле да пристигнат на „Камп Ноу“. Двајца би требало да дојдат од Премиер лигата и еден од Бундеслигата. Единсон Кавани не гледа иднина во Манчестер Јунајтед, па се најде на радарот на Каталонците. Уругвајскиот интернационалец се очекува да биде замената за Серхио Агуеро.

Феран Торес од Манчестер Сити е втората премиерлигашка опција за каталонскиот клуб. За него ќе биде потребно да се убеди Пеп Гвардиола, кој ќе загуби една алтернатива во нападот.

Последното име е Карим Адејеми од РБ Лајпциг. 19-годишникот има многу опции на маса, па пред себе ќе има дилема каде да ја продолжи кариерата.