ВИДЕО: Кавани е „џокерот“ на Солскјер, Јунајтед се враќа во финалето во Гдањск

Кавани

Единсон Кавани ја продолжи голгетерската серија во завршницата од сезоната. На стартот од вториот дел во финалето од Лига Европа успеа да израмни и да ја анулира негативата на Манчестер Јунајтед.

По еден корнер на Лук Шо, настана мешаница пред голот на Виљареал. Топката среќно стигна до уругвајскиот напаѓач, кој рутински ја смести во мрежата за 1-1.

ВАР-собата ја потврди одлуката на главниот судија и не ја скрати радоста на „црвените ѓаволи“.

  • Голот на Единсон Кавани против Виљареал:

Премиерлигашот има притисок и ја контролира од самиот почеток, па може да се каже дека заслужено стигна до израмнување.