• Горан Упале
Екипата на Тиквеш забележа голем успех и за првпат во својата клупска историја го освои Купот на Македонија во фудбал.
Момците на Ѓорѓи Мојсов одиграа фантастично финале и заслужено со 2-1 го совладаа составот на Воска Спорт, а тоа донесе незаборавни моменти за кавадарчани. Арената „Тодор Проески“ беше обоена во црвена боја, а по историскиот триумф прославата се префрли во Кавадарци. Градот „гореше“ од факли и огномети, а илјадници навивачи му приредија достоен пречек на фудбалските херои.
Стрелци на головите за Тиквеш беа Стојкоски и Лима, додека за Воска Спорт стрелаше Јашаровски. Овој триумф на Тиквеш му донесе и учество во квалификациите за Конференциската лига.