ВИДЕО: Катастрофална грешка на Дубравка, Боли во 95. минута ги спаси „волците“ од пораз! 

Можеби е најнезгодниот противник за големите, против повеќето од големата шесторка извојува и победи, но Вулверхемптон против помалите често знае да одигра лош натпревар и да ги разочара своите фанови. 

Сепак, вечерва имаше среќа во самиот финиш, и благодарение на катастрофалната грешка на гостинскиот голман Дубравка, остана непоразен против тимот на Њукасл (1-1). 

„Волците“ беа далеку подобриот противник, ја имаа топката во своите нозе, креираа шанси, но напаѓачите целосно потфрлија. Затоа на другата страна, Рафа Бенитез го имаше Хајден, кој по неколкуте полушанси во 56. минута се најде на вистинското место и го изненади искусниот португалски голман Руи Патрисио, за водство на „страчките“ од 0-1. 

Сепак, во моментите кога се очекуваше последниот судиски свиреж, Дубравка грешно го процени центаршутот на Траоре и му дозволи на Боли да ја смести топката во празната мрежа за конечни 1-1. 

Со ова реми Вулверхемптон повторно се искачи на седмото место во Премиер лигата со 39 бода, додека Њукасл остана 16-ти со само еден под повеќе од Саутемптон, кој е последен во опасната зона за испаѓање.