ВИДЕО: Катастрофален меч за ПСЖ, „малиот“ Ремс со големи три бода го напушта Париз!

По Рен на стартот од сезоната, францускиот шампион ПСЖ го забележа вториот пораз во новата сезона на Лига 1, откако пред својата публика одигра катастрофално и заслужено трите бода заминаа кај екипата на Ремс, која славеше со 0-2 (0-1). 

  • Извештај од натпреварот:

Отсуството на Кавани, Мбапе и Верати повторно се почувствува кај францускиот шампион, кој веќе неколку кола се мачи, влезе во ритам, но за среќа запиша минимални победи од по 1-0. 

Тухел и вечерва стартуваше со проблеми, откако Камара во 29. минута донесе молк во Париз и водство на Ремс од 0-1. Голот на гостите пристигна по само една минута откако Нејмар пропушти голема шанса од слободен удар, а претходно неискористна можност имаше и играчот за врска Паредес. 

На полувреме ПСЖ замина со минимална негатива, а во вториот дел, иако беше решен да се врати во игра и да извојува нова победа, не само што не успеа во тоа, и не креира ниту една посериозна шанса за гол, туку во последните минути од мечот повторно беше казнет за конечни 0-2. Победата на Ремс ја потврди Диа во 93. минута. 

Во останатите натпревари, Ним на Влатко Стојановски загуби во Монпелје со 1-0., Нант запиша минимална победа против Сент-Етјен со минимален резултат, а Брест и Лион одиграа 2-2, во дуел со многу пресврти. 

  • Извештај од натпреварот: 

И покрај поразот, првакот ПСЖ е лидер со 15 бода, исто колку и изненадување Анжер.