Катарска мина за Американците во полуфиналето од Голд Купот

Катар

Пред две години Катар првпат во историјата стана шампион на Азија, во конкуренција на Јапонија, Јужна Кореја, Иран и Саудиска Арабија и најави дека ќе биде „тврд орев“ на домашен терен на Мундијалот следната година. Оваа селекција требаше да биде гостин на Копа Америка, но поради корона вирусот откажа и заигра на овогодинешниот Голд Куп во САД. По ремито со Панама (3-3) на отворањето на првенството, во наредните три меча се остварија победи. Во четвртфиналето падна Салвадор (3-2) и Катар се избори за натпревар со Американците, домаќинот на првенството на КОНКАКАФ, кој е закажан во Остин во петок (01:30).

Сите квоти на MOZZART за натпреварот меѓу Катар и САД >>>

Јенките на ова првенство не играат во најсилен состав како и поголемиот дел од селекциите. Фалат играчи кои ги бранат боите на големите европски клубови како што е Кристијан Пулишиќ од освојувачот на Лигата на шампионите, Челзи. По трите победи во групната фаза, во четвртфиналето дури во финишот падна жилавата Јамајка (1-0). Голот за полуфинале беше дело на напаѓачот на Шалке 04, Метју Хоуп.

Американците ќе имаат помош од публиката, на хартија се фаворити, ама нема да им биде лесно против шпанскиот стручњак Феликс Санчез Бах. Во четвртфиналето против Салвадор јунак беше Ал Алмоез, напаѓачот на повеќекратниот шампион на Катар, Ал Духаил. Во селекцијата има и неколку натурализирани фудбалери, а се истакнува Португалецот Педро Мигел Кореиља.

Избраниците на селекторот Грег Берхгалтер примија само еден гол на четири меча во овој шампионат и тоа во убедливиот триумф против Мартиник со 6-1. Во преостанатите три меча беше по 1-0 за селекцијата која минатиот месец ја освои Лигата на нациите на КОНКАКАФ со победата во финалето по продолженија против Мексико со 3-2. Ова ќе биде прва пресметка на силите на овие две репрезентации. Американците ја имаат малата предност.