ВИДЕО: Катар со магични голови го грабна трофејот во Азискиот Куп!

Екипата на Катар ја комплетира фудбалската бајка во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и во финалето со 3-1 (2-0) успеа да слави над Јапонија, со што го освои својот прв историски трофеј во Азискиот Куп.

Катарците беа потценети, многумина ги сметаа за аутсајери во ова натпреварување, посебно во нокаут-фазата, но одиграа маестрален натпревар и со фантастични голови ги сопреа „самураите“.

Погодоците кои ги даде Катар беа за најавните шпици. Прво погоди Алмоез во 12. минута, откако доби топка од Афиф и ефектно биеше со „ножички“, а потоа, стрелец беше Хатим во 27. минута со „бомба“ од далечина. Јапонија се врати во мечот преку Минамино во 69. минута, но Катар во 82. минута доби пенал, кој во погодок го претвори претходно двојниот асистент Афиф.

Алмоез со голот во финалето дојде до бројката од девет гола и стана најефикасен стрелец на еден Азиски Куп во историјата. За Јапонија, која е најтрофеен тим на Азискиот Куп, ова беше прво загубено финале во историјата.