• Горан Упале
Фудбалската асоцијација на Катар до Меѓународната фудбалска федерација го достави конечниот список на играчи од својата А селекција за Светското првенство во Сoeдинетите Американски Држави, Мексико и Канада (11 јуни - 19 јули).
Во списокот на Катар има само играчи од домашни клубови или тимови од земји од регионот. Домаќинот на Светското првенство во 2022 година, првото вакво натпреварување организирано во зима, нема широка база ниту свои експоненти во европските лиги, па прашањето е колку може да направи на турнирот во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.
Катар ќе игра во групата Г, каде што ждрепката ги смести заедно со селекциите на Канада, Швајцарија и Босна и Херцеговина.






