• Иван Димовски


Постои школа на мислата која тврди дека првиот натпревар на Светското првенство е најважен. За Катар и Еквадор, кои ќе го отворат Светското првенство в недела во 17:00 часот, оваа теза и тоа како е вистинита. Пред сѐ поради составот на групата во која се и Холандија и Еквадор.
Домаќините на шампионатот, кои премногу амбициозно веруваат дека ќе направат голем успех и бум на првиот настап на светската сцена, знаат дека Еквадор е нивниот најпосакуван ривал на патот до историската победа. Селекцијата од Јужна Америка е свесна дека кикс против Катарците во голема мера ги намалува шансите за нокаут фазата и затоа двете селекции ќе бркаат победа. На хартија, Катар е аутсајдер, но само мал.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Катар и Еквадор
Кој не гледал како оваа азиска репрезентација во 2019 година ја победи многу угледната Јапонија во финалето на Азискиот Куп, не е ни свесен за нејзините квалитети. И тоа костур на тимот е речиси непроменет оттогаш, главни на терен се напаѓачите Али Алмоез и Акрам Афиф, адут е и тренерот Феликс Санчез, кој во душата го познава целиот тим. Катарците направија увертира на Мундијалот со четири последователни победи на пријателски натпревари – паднаа Гватемала, Хондурас, Панама и Албанија.
За триумф и големо изненадување на првиот натпревар од првенството ќе треба да смислат како да ја отклучат одбраната на Еквадор, која на шест последователни натпревари нема примено гол, односно 540 минути. Во јужноамериканските квалификации, Еквадорците беа зад Бразил и Аргентина, а сега тие изданија ќе мораат да ги ископираат на најголемата светска сцена.