Катар рутински го надигра домаќинот ОАЕ и се избори за финале на Купот на Азија

Катар победа

Репрезентацијата на Катар се избори за финале на Купот на Азија со денешната победа во полуфиналниот дуел со Обединетите Арапски Емирати (4-0).

По двата минимални триумфи во дуелите со Јужна Кореја и Ирак, катарските репрезентативци ја продолжија фантастичната серија на овој турнир, на кој имаат пет од пет со 14 постигнати и ниту еден примен гол.

Резултатот го отвори Буалем Куки кој имаше среќа, бидејќи неговиот удар заврши под рацете на противничкиот голман, кој со аматерска реакција дозволи радост кај Катарците. Пред полувремето погоди и Алмоез Али, кој ја зголеми предноста со помош на стативата.

Домашната одбрана капитулираше уште двапати, во 80. минута кога Хасан Ал Хајдос со лоб го матираше голманот на ОАЕ, и длабоко во надопонувањето, кога Хамид Исмаели ги постави конечните 4-0.

Противник на Катар во финалето ќе биде Јапонија, која во нокаут фазата ги надигра Виетнам и Иран.