• Саше Љолес

Репрезентациите на Катар и Русија се сретнаа во пријателски натпревар и истиот заврши со нерешен исход, кој се чинеше дека е најреален според случувањата на теренот (1-1).
Првото полувреме не понуди многу возбудувања за публиката, иако Русите имаа по една добра шанса преку Головин и Миранчук. Мрежите сепак мируваа и на паузата резултатот беше 0-0.
Двата гола пристигнаа во вторите 45 минути. Најпрво Катар успеа да поведе со 1-0 преку Ахмед Алаа, кој постигна одличен гол со глава во 70. минута од натпреварот, а Русија израмни на 1-1 со голот на Солдатенков, во последната минута од регуларното време.