Катар домаќин на Интерконтиненталниот Куп, ПСЖ директно во финалето

Главниот град на Катар, Доха, ќе биде домаќин на Интерконтиненталниот Куп во декември, објави управното тело на светскиот фудбал ФИФА.

Пбедникот на Лигата на шампионите на УЕФА, Париз Сен Жермен, веќе се квалификува директно за финалето на 17 декември. Противникот на ПСЖ ќе биде одреден на 13 декември во финалниот плеј-оф, меѓу египетскиот Пирамидс, африканските шампиони и победници од претходните плеј-оф натпревари, и победникот од натпреварот меѓу мексиканскиот Круз Азул, шампионите на Централна, Северна Америка и Карибите и победникот на Копа Либертадорес.

Јужноамериканското натпреварување моментално е во полуфиналната фаза, каде што во игра се Лига де Кито (Еквадор), Палмеирас (Бразил), Расинг (Аргентина) и Фламенго (Бразил).

Во 2024 година, Реал Мадрид, исто така во Катар, го освои првото издание на Интерконтиненталниот Куп против мексиканскиот клуб Пачука (3-0).