Катанец го објави списокот за Македонија: Без Хандановиќ, но и без Трајковски

Селекторот на фудбалската селекција на Словенија, Среќко Катанец денес го соопшти списокот на фудбалери на кои што смета за пријателскиот дуел против Македонија на 23 март во Копер. Во составот на Катанец се најдоа пет дебитанти, меѓу кои го нема Дејан Трајковски, фудбалер кој очекуваше повик и најавуваше дека сака да ја одбере словенечката селекција пред Македонија.

На контролниот дуел против нашата селекција Словенија ќе настапи без својот прв голман Самир Хандановиќ од Интер кој се пензионира, а приоритет доби Јан Облак од Атлетико Мадрид. На списокот нема уште неколку стандардни репрезентативци како Кевин Кампл кој е сериозно повреден, Роберт Бериќ и Андраж Шпорар.

Голмани:

Јан Облак (Атлетико Мадрид), Нејц Видмар (Домжале), Вид Белец (Карпи)

Одбрана:

Боштјан Цесар (Киево), Бојан Јокиќ (Нотингем Форест), Лука Крањц (Каљари), Мирсад Самарџиќ (Ријека), Нејц Скубич (Коњаспорт), Петар Стојановиќ (Динамо Загреб), Алјаж Струна (Палермо), Андраж Струна (ПАС Јанина).

Среден ред:

Валтер Бирса (Киево), Матиц Чрниц (Домжале), Јосип Иличиќ (Фиорентина), Андраж Крим (Омонија), Рене Крхин (Гранада), Јасмин Куртиќ (Аталанта), Бенјамин Вербиќ (Копенхаген), Блаж Врховец (Целје), Мига Зајц (Олимпија).

Напад:

Роман Безјак (Ријека), Енеј Јелениќ (Ливорно), Миливоје Новаковиќ (Марибор).