Каталонија и Палестина играа пред 30.000 луѓе, приходот дониран за појасот Газа

Репрезентацијата на Каталонија ја победи Палестина со 2-1 во пријателски натпревар одигран во Барселона.

Исто како и на крајот од минатата недела, кога Палестина одигра натпревар со шпанската покраина Баскија, натпреварот почна со едноминутно молчење за повеќе од 69.000 палестински жртви убиени од израелската армија.

30.000 гледачи.со каталонски и палестински знамиња, аплаудираше и ги бодреше двете селекции.

Цената на влезниците изнесуваше од 5 до 15 евра, а целиот приход е наменет за појасот Газа