Каталонецот Оскар Гарсија е нов тренер на Ред Бул Салзбург

Оскар Гарсија на клупата на Макаби

Каталонецот Оскар Гарсија од денес е нов тренер на првакот на Австрија, Ред Бул Салзбург. По смената на Петер Цидлер и привременето решение за два натпревари Томас Леч, Гарсија потпиша договор на една и пол сезона со екипата која доминира со австриската Бундеслига години наназад.

Но оваа сезона Ред Бул Салзбург е непрепознатлив и е во групата на тимови кои се борат за титулата, а не доминатно издвоен како минатите сезони. Оскар Гарсија беше менаџер на Ватфорд во есенскиот дел од минатата сезона, а од тогаш не работи скоро една сезона.

Во тренерската кариера работеше и во Израел и во втората шпанска лига, а како играч го носеше дресот на Барселона, Еспањол, Леида, Валенсија и Албасете.