Каталонците со песна ги провоцираа реаловците: „Каде ви е КР7?“ (ВИДЕО)

Ривалството меѓу Барселона и Реал Мадрид е едно од најголемите во светот, а по болниот пораз на „кралевите“ во Копа дел Реј, навивачите на каталонскиот тим уживаа да ги провоцираат противничките фанови.

На излезите на „Сантијаго Бернабеу“, навивачите на Барселона се сретнаа со приврзаниците на Реал Мадрид. Оние кои го поддржуваа гостинот, почнаа да пејат „Каде ви е КР7 (Кристијано Роналдо н.з)?“, и да провоцираат за лошата форма на ривалот оваа сезона.

Реваншот во Копа дел Реј меѓу Барселона и Реал Мадрид заврши со сигурен триумф на гостинот (0-3), со што избраниците на Ернесто Валверде ќе играат шесто Куп-финале во низа.