Катаи од Ц. Звезда е најдобар стрелец во историјата на српскиот фудбал

Фудбалерот на Црвена Звезда, Александар Катаи, со златни букви го запиша своето име во историјата на црвено-белите, но и на српскиот фудбал.

На мечот против Раднички тој успеа да стрела двапати и така на врвот на вечната листа на стрелци во Суперлигата го престигна Милан Бојовиќ, со што стана најдобар стрелец во историјата на српскиот фудбал.

Катаи на теренот на „Маракана“ влезе во 56. минута и за четири минути постигна два гола. Дојде до бројката од 104 постигнати голови во Суперлигата, па застана пред Бојовиќ кој моментално е на 103 гола.

Катаи постигна 92 гола во дресот на Црвена Звезда, а уште 12 додаде како член на Војводина.