• Саше Љолес
Данскиот голман Каспер Шмајхел, има нов клуб и во следната сезона ќе настапува во редовите на белгискиот гигант, Андерлехт. 36-годишниот чувар на мрежата имаше понуди од неколку клубови, но се реши за преселба во Белгија.
Синот на легендарниот Петар Шмајхел настапуваше за повеќе клубови во кариерата, а најголемиот успех го забележа кога ја освои титулата во Премиер лигата со Лестер Сити, кој тогаш беше предводен од Италијанецот Клаудио Раниери. Каспер Шмајхел има огромно искуство позади себе, а во најсилниот англиски шампионат забележа над 500 настапи.
За данската репрезентација играше тринаесет години и запиша 93 настапи. Кариерата ја започна во Манчестер Сити, а потоа настапуваше уште за Нотс Каунти, Лидс Јунајтед, Лестер Сити, Ница и Андерлехт. На почетокот на кариерата, беше испраќан и на неколку позајмици во Дарлингтон, Бери, Фалкирк, Кардиф и Ковентри Сити.