Касиљас со демант: Пензија? Ќе дојде и тој ден, ама не сега...

Икер Касиљас пензија

Португалските медиуми пред неколку дена објавија дека Икер Касиљас сигурно заминува на пензија поради операцијата на срцето.

Тоа не му се допадна на чуварот на мрежата на Порто кој испрати јавен демант до сите кои пишуваа на оваа тема:

„Пензија? Ќе дојде и тој ден, но оставете ме сам да објавам кога ќе се одлучам на тој чекор. Моментално ситуацијата е мирна. Имав состанок со докторот и работата е како што треба. Тоа се навистина добри вести кои сакав да ги споделам со вас“ , напиша шпанскиот голман.

37-годишникот останува во португалската екипа која сепак активно бара опција на голманската позиција.