Касиљас поради срцевиот удар ѝ става крај на фудбалската кариера

Шпанскиот голман Икер Касиљас ја аавршува својата кариера, затоа што неодамна на тренинг доживеа срцев удар и стравува за своето здравје.

37-годишниот чувар на мрежата беше пуштен од болница со вграден стент и за жал, нема повеќе да биде на фудбалските терени како активен голман. Шпанецот има активна фудбалска кариера дури 20 години, но на истата ќе мора да ѝ стави крај,

Касиљас дебитираше на фудбалските терени во далечната 1999 година како тинејџер во дресот на Реал Мадрид, до каде беше до 2015 година. Потоа, направи трансфер во португалски Порто, во чии редови настапува денес.