Касиљас откри каква му е здравствената состојба по инфарктот

Славниот шпански голман Икер Касиљас по долго време откри каква му е здравствената состојба, по инфарктот кој го имаше на тренинг на Порто.

Шпанецот истакна дека се чувствува добро, но потенцира дека борбата за подобрување се уште трае. На еден од тренинзите, Икер имаше инфаркт, па веднаш беше пренесен во болница каде имаше операција.

„Се оди полека, но така мора и да биде. Мирно и споро. Сите бариери можат да се совладаат. Нема веќе препреки за мене. Умот мора да ви биде чист. Не сакам да бидам ничив пример. Борбата продолжува“, истакна голманот.

Икер Касиљас е во Порто од 2015 година, а клубот и покрај инфарктот реши да го задржи чуварот на мрежата како дел од тимот.