Касиљас не ги слуша лекарите, се врати на тренинг на Порто

Чуварот на мрежата на Порто, Икер Касиљас, пред шест месеци имаше срцев удар, но повторно е на тренинзите на португалскиот тим.

Касиљас одредено време беше во болница, а неговото срце на претрпе тешки последици од ударот. Голманот се опорави од несаканата ситуација, а иако лекарите го советуваа да не игра фудбал, сепак, тој пак почна да работи.

Пред точно шест месеци и три дена, Касиљас го имаше последниот тренинг. Колегите од фудбалскиот свет му дадоа поддршка за потегот.