Касиљас ќе го напушти фудбалот додека заздравува, но нема да се пензионира

Икер Касиљас

Првиот голман на Порто, Икер Касиљас, потврди дека во наредниот период ќе биде надвор од конкуренција за да може целосно за заздрави од последиците со кои се соочува поради срцевиот удар.

Шпанецот најави дека ќе биде дел од тимот, но не на голманската позиција. Како што вели привремено ќе го напушти фудбалот, а тоа нема да значи дека ќе замине во пензија.

Од 2015 година, кога пристигна во Португалија, 38-годишникот одигра 156 меча од кои на 74 не прими погодок. Освои и две титули, во Суперкупот и првенствената во сезоната 2017/18.