Кашимпаша на гости го совлада Генчербирлиги и избегa од опасната зона во турската лига

Екипата на Кашимпаша ги запиша можеби клучните три бода во оваа сезона, затоа што извојува тешка победа на гостувањето против директниот ривал за опстанок во турската Суперлига, Генчербирлиги.

Со овој успех Кашимпаша избега на седум бода од опасната зона (11. место) и драстично ги зголеми шансите за опстанок во елитата, додека Генчербирлиги остана 13-ти, со само три бода повеќе од Кајзериспор, кој е на 16. место, последно кое идната сезона води во Втора лига. 

Херој на гостинската екипа беше гвинејскиот репрезентативец Фоде Коита, откако уште во раната фаза ја стресе домашната мрежа и го постигна единствениот погодок на натпреварот. 

Во следното коло Кашимпаша која е во серија од пет победи за противник ќе го има Сиваспор, додека Генчербирлиги излез од мини-кризата ќе брка против Малатијаспор.