• Саше Љолес
Лионел Меси повторно заигра фудбал само шест дена по смртта на неговиот татко Хорхе, а неговото појавување на теренот предизвика силни реакции и кај навивачите и кај соиграчите.
Аргентинецот влезе во игра во второто полувреме од натпреварот против мексиканскиот Леон. Неговиот настап беше неочекуван за многумина, имајќи предвид дека се наоѓа во период на голема лична болка.
Одлуката на Меси да му се стави на располагање на тимот особено го импресионираше неговиот соиграч Касемиро.
„Тој е вистински пример. Верувам дека минува низ исклучително тежок период, но неговата посветеност кон соиграчите и клубот е нешто неверојатно. Никогаш немам видено нешто слично. Единствено што можеме да направиме е да му се заблагодариме што е со нас“, изјави бразилскиот фудбалер по натпреварот.
Касемиро смета дека токму вакви моменти дополнително покажуваат зошто Меси има посебен статус во историјата на фудбалот.
Според него, начинот на кој Аргентинецот се однесувал во еден од најтешките моменти од својот живот е уште една причина поради која Меси се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а можеби и најдобриот.
Неговиот камбек на теренот, толку брзо по семејната трагедија, беше момент кој остави силен впечаток во светот на фудбалот.





