ВИДЕО: Касемиро стартува на ногата на Аканџи, па срамно изглуми и избегна картон

Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија трофејот во ФА Купот, откако го совладаа градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 2-1. Финалето на „Вембли“ го реши Илкај Гундоган кој со два погодоци му пресуди на противникот. 

Еден интересен момент беше виден во 12. минута, а во центарот на вниманието се најде Касемиро. Дефанзивниот играч за врска во еден дуел со Мануел Аканџи невнимателно го згазна директно на зглобот. Сепак, наместо да биде санкциониран, Касемиро легна и почна срамно да симулира, па си доби дури и прекршок. 

Овој потег наиде на критики од страна на навивачите и јавноста. Касемиро можеше да биде казнет дури и со црвен картон, меѓутоа ВАР собата не се јави и не го повика Пол Тирни да ја промени одлуката. 

Состави

Пеп Гвардиола

4-1-4-1

    Ерик тен Хаг

    4-2-3-1