ВИДЕО: Касемиро и Рашфорд со два брзи гола го „отворија“ Њукасл

Финалето на англискиот Карабао куп на „Вембли“ понуди тактичко надмудрување на Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ дојдоа до двојна предност за краток период.

Иако дотогаш Њукасл беше поблизу до гол преку Сен Максимен, сепак Манчестер успеа да поведе преку Касемиро и Маркус Рашфорд. Течеше 33. минута, од слободен удар одлично нафрли Бруно Фернандеш, па во срцето на шеснаесетникот Бразилецот ја дочека топката и со глава ја смести во мрежата. 

Само шест подоцна, вториот погодок во мрежата на Лорис Кариус го постигна Рашфорд. Англичанецот ја потврди одличната форма, доби топка од Вегхорст и со одличен удар погоди над главата на голманот. 

„Ѓаволите“ во целост го искористија бунилото во кое се најде Њукасл и дојдоа до многу важни голови на култниот „Вембли“.

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Еди Хоу

    4-3-3