• Иван Димовски
Фудбалерите на Ливерул одиграа одлично прво полувреме на „Олд Трафорд“, а во него домаќинот Манчестер Јунајтед прими два погодоци.
Ништо немаше да биде посебно интересно, ако не беа двете големи греши на искусниот Касемиро. Дефанзивниот фудбалер за врска при првиот гол имаше грешно додавање, подаде директно во нога на противник и се разви акција која заврши со погодок за 1-0. Во вториот случај Бразилецот прелесно падна на средината на своето поле, а Ливерпул креира акција која пак ја реализира Луис Диаз.
Критиките до Касемиро и минатата сезона беа навистина бројни. Се споменуваше дека клубот ќе се откаже од него и огромната плата, меѓутоа не пронајдоа решение за заминување на Касемиро. Се очекува во следните натпревари неговото место на средината од теренот да го заземе Мануел Угарте кој дојде од ПСЖ.