Касано: Во Скопје игравме на нива, да не беше така ќе беше 7-0 уште во прво полувреме!

Антонио Касано беше гостин во шоуто на Кристијан Виери - „Бобо ТВ“ - и се наврати на натпреварот меѓу Македонија и Италија кој се одигра во Скопје, а заврши без победник, со резултат 1-1.

Некогашниот напаѓач на Рома и Реал Мадрид испрати критика за тревата, кажа дека теренот бил како нива, во спротивно Италија ќе победела убедливо со голови во првото полувреме.

„Мора да признаеме, тој меч беше под нашите можности затоа што теренот беше ужасен и во секое друго сценарио Италија ќе победеше со 7-0 со голови уште во првото полувреме. Елмас е добро момче, се извини, ама јас би додал - теренот беше нива и се што се кажа едноставно беше комплимент за тоа. Работата која ја врши Спалети ќе дојде до израз“, кажа Касано.

Италија трет натпревар по ред не успеа да ја победи Македонија, откако претходно беше 1-0 во Палермо за „рисовите“ и 1-1 во Торино.

Состави

Благоја Милевски

4-2-3-1

    Лучијано Спалети

    4-3-3