• Горан Упале
Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао одговори на новите критики упатени кон него од поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано. Касано по финалето на италијанскиот Суперкуп, во кое Милан го победи Интер по пресврт, изјави дека Леао не бил доволно добар за да игра за седумкратниот европски шампион.
„Леао не знае да игра тимски и Консеисао наскоро ќе сфати дека е нула играч и будала“, изјави Касано за време на гостувањето во емисија на Тикток.
Португалецот, кој влезе во игра против Интер во 50. минута и му асистираше на Абрахам за победничкиот гол, на својот „Х“ профил ја коментираше изјавата на Касано, нарекувајќи го кловн.
Ова не е првпат Касано да го критикува Леао, со оглед на тоа што ги доведе во прашање неговата посветеност и квалитет по натпреварот помеѓу Милан и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, кој заврши без голови. Тогаш, Леао исто така одговори со емотикон со лице од кловн.