Касано е кловн за сестрата на Роналдо: „Не го познавам овој кутриот“

Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано повторно беше во центарот на вниманието поради контроверзните изјави кои што ги дава по завршувањето на кариерата. Пред извесен период поранешниот напаѓач на Реал Мадрид го „нападна“ Кристијано Роналдо, велејќи дека „не знае да игра фудбал“.

Во последниве години стана вообичаено Касано да влезе во расправии со други познати спортисти. Сведоци сме на разни расправии меѓу него и поранешни или сегашни играчи или тренери, а сега „удри“ по Роналдо.

„Кристијано Роналдо не знае да игра фудбал. Може да постигне 3.000 гола, не ми е гајле. Игуаин, Агуеро, Бензема, Левандовски, Ибрахимовиќ и Суарез знаеја како да се вклопат во тимот и да соработуваат со своите соиграчи. Роналдо не е таков“, рече Касано.

Роналдо не е тип кој лесно влегува во каква било дебата, особено избегнува вакви ситуации, но тука е неговата сестра Елма Авеиро.

„Не го познавам овој кутриот и не ми е гајле да кажам една работа. Кристијано не знае да игра, а постигна 900 гола, замислете да знаеше да игра!

Велат дека Касано бил фудбалер, а тој всушност бил момче со топка“ објави сестрата на Роналдо, ставајќи му емотикон на кловн на лицето на Касано.

Роналдо, пак, во свој стил му одговори на Касано, постигнувајќи два гола за Ал-Наср против Ал-Рајан веднаш по таа изјава.