Карвахал пронајде клуб: Ќе игра во ЛШ и наскоро ќе гостува на „Сантијаго Бернабеу“!

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Дани Карвахал, е пред трансфер во ПСВ Ајндховен

Холандските и шпанските медиуми пренесуваат дека 34-годишниот десен бек, кој летово по тринаесет години стана слободен играч по разделбата со „кралскиот клуб“, ги договорил условите и наскоро треба да потпише договор. 

Карвахал доаѓа во ПСВ Ајндховен без никаков трошок за откуп, што е олеснување за холандскиот клуб. Шпанецот зад себе има 451 натпревар за Реал Мадрид и дури 27 освоени трофеи, меѓу кои шест титули во Лигата на шампионите.

Со оваа најава за потпис Карвахал ќе продолжи да игра на највисоко европско ниво бидејќи ПСВ Ајндховен е актуелен шампион на Холандија и игра во Лигата на шампионите. Доколку се финализира трансферот, Карвахал ќе има емотивно враќање на „Сантијаго Бернабеу“ веќе на 24 ноември, кога ПСВ Ајндховен гостува кај Реал Мадрид.