• Зоран Мишевски
Шпанскиот дефанзивец Дани Карвахал постигна договор со Хетафе и е пред официјален потпис како слободен агент. Искусниот десен бек, кој претходно настапуваше за Реал Мадрид, веќе ги поминал медицинските прегледи со тимот од предградието на Мадрид.
Неговиот трансфер следи по личниот повик од тренерот Хозе Бордалас, кој инсистирал на негово ангажирање за засилување на тимот. Во моментов се очекува само финализација на документацијата и одобрение од Ла Лига за договорот официјално да се активира.
Пред да се договори со Хетафе, Дани Карвахал привлече интерес од неколку звучни европски клубови од Германија и Италија. Дани Карвахал има една од најбогатите и најтрофејните кариери во историјата на модерниот фудбал, со вкупно 27 големи титули освоени на клупско ниво со Реал Мадрид, како и неколку клучни меѓународни успеси со репрезентацијата на Шпанија.






