• Зоран Мишевски
Цела светска јавност со нетрпение го очекува дебито на Килиан Мбапе, но и тактичката идеја на Карло Анчелоти како ќе ги вклопи Бразилците во нападот и Џуд Белингем со Французинот. Иако со малку тренинзи во ноезте, се предвидува дека и европскиот првак Даниел Каврахал ќе настапи од првата минута против Аталанта во првиот официјален натпревар сезонава.
Бекот на шпанската репрезентација го најави дуелот со „сино-црните“ од Бергамо.
„Имам голем респект за Аталанта. Видете само кои тимови ги победи и елиминира минатата сезона. Го елиминираа Ливерпул, а импресионира и начинот на кој во финалето го победија Баер Леверкузен.
Имав краток одмор, но доволен да се „наполнат батериите“ за новата сезона. Мотивиран сум да освојам уште еден трофеј со Реал Мадрид“, рече Карвахал.
Со исклучок на повредениот Алаба, сите фудбалери му се на располагање на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.