ВИДЕО: Дани Олмо ги „измеша“ дефанзивците на Ференцварош и даде супер-гол за Динамо!

Младата шпанската ѕвезда, Даниел Олмо Карвахал уште еднаш го докажа својот раскошен талент кој го поседува. 

По фантастичните настапи во дресот на својата репрезентација на У21 Европското првенство, 21-годишниот офанзивен играч за врска вечерва блесна и за својот тим Динамо Загреб. Во седмата минута од мечот во Загреб, Дани Олмо ги измеша дефанзивците на Ференцварош и даде супер-гол за водство на својот тим од 1-0. 

Прекрасниот погодок на Шпанецот на „Максимир“:

За хрватскиот шампион во првиот натпревар од претпоследниот филтер од квалификациите за Лигата на шампионите од првата минута настапува македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.