ВИДЕО: Карпи го совлада Емполи и направи џиновски чекор кон опстанокот

Фудбалерите на Карпи направија голем чекот обезбедување опстанок во Серија А по победата на домашен терен против Емполи со 1-0 (0-0) во последнито натпревар од 35. коло на шампионатот на Италија.

Единствениот гол на средбата го постигна Кевин Ласања во 85. минута од средбата. Двете екипи мечот го доиграа со по 10 фудбалери заради црвените картони на Мечиладѕе за Емполи во првиот и Лоло за домаќините во вториот дел.

На три кола до крајот на сезоната Карпи е на 17. место со +3 пред Палермо на Александар Трајковски.