ВИДЕО: Кармата го казни Сити, Челзи го растажи Пеп во најавата за финалето во ЛШ!

Лидерот во Премиер лигата, екипата на Манчестер Сити загуби од Челзи (1-2) во дербито на колото во англиската елита и „сините“ остануваат главен фаворит за едно од местата кои водат директно во ЛШ следната сезона.

  • Извештај од натпреварот:

„Граѓаните“ се коцкаа на овој натпревар и си поиграа со својата судбина, затоа што добија пенал за два гола предност, арно ама Агуеро реши да прави атракција и прописно се посрамоти со лошо изведена „паненка“. Тоа Челзи го казни, па со голем триумф си заминува од гостувањето во Манчестер.

По неколку пропуштени шанси на двете страни, возбудувањата на „Итихад“ почнаа пред крајот на првиот дел. Манчестер Сити дојде до предност од 1-0 со голот на Рахим Стерлинг во 44. минута, а само две минути подоцна, во екстра-времето, домашниот тим доби пенал, ама Агуеро реши да се коцка и со неуспешна „паненка“ му ја подари топката на голманот Менди.

Челзи се разбуди на стартот на вториот дел и почна да притиска, а тоа донесе погодок во 63. минута преку Хаким Зијеч. Крилниот играч доби топка од Аспиликуета и ја смести во мрежата на Сити, за голема радост на тимот на Тухел. Кога сите чекаа крај, гостинот од Лондон дојде до втор гол и кармата го казни составот на Пеп Гвардиола за сите коцкања на оваа средба. Тимо Вернер асистира до Маркос Алонсо, во 92. минута, за конечни 1-2.

За Манчестер Сити ова беше петти пораз во премиерлигашката сезона. Тимот во следното коло гостува кај Њукасл. Челзи, пак, кој е трети, го чека лондонското дерби со Арсенал кое може да биде потврда за местото во најелитното континентално натпреварување на УЕФА.