„Кариус е виновен за двата гола, нешто не е во ред со него“

Лорис Кариус, голманот на Бешикташ, повторно е во фокусот на фудбалската јавност, откако со нови киксеви за малку ќе го оставеше својот тим без значајна победа на дуелот против Бурсаспор.

Шампионот на Турција од пред две сезони во 93. минута преку Шинџи Кагава стигна до 3-2 и три бода, а тренерот Шелон Гунеш јавно го критикуваше некогашниот голман на Ливерпул, велејќи дека со него нешто не е во ред. 

„Кариус е виновен за двата гола кои ги примивме. Нешто не е во ред со него, не знам што точно. Можеби му фали концентрација или пак мотивација“, вели Гунеш. 

Оваа сезона Кариус меѓу стативите на Бешикташ застана на 21 натпревар во домашниот шампионат и само пет пати успеал да ја сочува својата мрежа незатресена. 

Погледнете на каков начин Кариус ги прими двата гола против Бурсаспор: