• Иван Димовски
Фудбалерот на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец Карим Адејеми доби висока парична казна од 450.000 евра поради недозволено поседување оружје.
Инцидентот датира од пред повеќе од една година, кога полицијата го запрела додека бил во друштво на својата девојка, раперката Лоредана Зефи, а кај нив биле пронајдени боксер и електрошокер предмети чија употреба и поседување се строго забранети во Германија.
По подолга судска постапка, пресудата конечно е донесена и Адејеми ќе мора да ја плати целата сума, но ќе има олеснување бидејќи ќе може да ја подмири на 60 дневни рати од по 7.500 евра. И покрај висината на казната, исходот се смета за поволен за фудбалерот, бидејќи за ова дело во Германија е можно и издржување затворска казна.
