Кардиф со ултиматум да победи, Фулам брка место во Премиер лигата

По три натпревари суспензија во тимот на Фулам против Кардиф се враќа Александар Митровиќ. Иако без српскиот репрезентативец, екипата од „Крејвен Котиџ“ победи  во сите три натпревари и обезбеди барем бараж за Премиер Лигата. Надежта за директен пласман во повисок ранг и понатаму постои кај избраниците на тренерот Скот Паркер. Тимот од Лондон верува дека резултатите на Лидс и Вест Бромвич Албион ќе бидат лоши во преостанатите четири кола на Чемпионшип, иако е пореално, како и пред две години, Фулам да игра плеј-оф за место во елитата.

Мрежата на Фулам остана недопрена на последните два натпревари. Головите на Хари Артера во Нотингем против Форест и Џошуа Ономае против Бирмингем беа доволни за победи и шест бодови на контото. Формата на екипата од Лондон е во подем, а сега се враќа и Митровиќ, кој го дели првото место на листата на стрелци со 23 голови, колку што има и Оли Воткин од Брентфорд.

Кардиф е во врвот, се бори за место во баражот. Во вторникот тимот од Велс беше поразен на свој терен од Блекбурн со 3-2, па до крајот на Чемпионшип некогашниот член на Премиер лигата го чека тешка битка за позиција која води во доигрувањето.

Погледнете ги сите коефициенти за Чемпионшип лигата >>

Во првиот дел од сезоната дуелот на овие два тима немаше победник – 1-1, а единствениот гол за гостите го постигна Митровиќ. Минатата година во Премиер лигата, Фулам на својот стадион славеше против Кардиф со 1-0, а стрелец беше Холанѓанецот Рајан Бабел, кој повеќе не е во клубот. Од последните десет меѓусебни средби, на дури девет двата тима даваа барем по еден гол (ГГ).

Фулам игра многу подобро на свој терен каде има дури 13 победи, а на последните 15 средби од Чемпионшип на „Крејвен Котиџ“ не одигра со нерешен резултат. На претходните пет дуели Фулам како домаќин не е поразен од Кардиф. Имаат два позитивни резултати, додека три натпревари завршија без победник.