ВИДЕО: Карате во Суперкласико - Фернандез поцрвене по уличен насилнички удар

Се сеќавате ли на стартот на Најџел де Јонг врз Чаби Алонсо во финалето на Светското првенство во Јужна Африка? Сличен таков прекршок, но уште побрутален видовме на аргентинското Суперкласико меѓу Ривер и Бока.

За разлика од тој старт, овој доби соодветна казна, откако Нелсон Питана оправдано го исклучи Игнасио Фернандез за овој карате удар во градите на Кармона во дуелот на двете десетки, кои треба да асоцираат на магија, а не насилство.

Бока го совлада Ривер на гостински терен со 1-2 во меч со девет жолти и два црвени картони.