Караско се враќа во Европа и ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата

Јаник Караско

Од февруари 2018 година, белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско настапува во Кина.

Офанзивецот реши да си замине од Атлетико Мадрид и да ја прифати милионската понуда од далечниот Исток, поточно од екипата на Далиан Јифанг.

25-годишникот сега најавува дека ќе се врати во Европа, а некои медиуми пренесуваат дека неговиот трансфер е скоро готов. Тој ќе го засили Арсенал на Унаи Емери и ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Според информациите кои доаѓаат од Островот недостасува само согласност од кинескиот клуб.