Караско ги „наполни“ џебовите и бега од Кина, Јунајтед и Арсенал подготвени за преговори 

Еден од најдобрите белгиски репрезентативци, Јаник Караско, по сè изгледа ќе се врати во Европа, откако пред една година се реши да го напушти Атлетико Мадрид и кариерата да ја продолжи во Кина

Очигледно, 25-годишниот крилен фудбалер ги „наполни“ џеповите во Кина и сега посакува назад во Европа, каде ќе може соодветно да напредува во својата кариера. Според првичните информации, веќе на маса има две понуди од англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Арсенал

Сепак, пол-позицијата ја имаат „топџиите“, пред се заради претходната добра соработка со агетнто на Караско, но фудбалерот ќе мора да прифати далеку помала плата, бидејќи Арсенал е лимитиран во тој сегмент.

Доколку овој премин пропадне, на сцена ќе настапи Јунајтед, кој во поранешниот офанзивец на Атлетико, гледа на идеално решение на десната крилна позиција.