• Мартин Танасковски

Струшки Караорман успеа во намерата и обезбеди второлигашки статус и за следната сезона, а екипата ќе претрпи промени за да има подобар ростер. Но, голема е веројатноста еден од првотимците да си замине.
22-годишниот Јасин Казимоски одигра одлична сезона на личен план и играше улога во битката за опстанок на Караорман во единствената ВМФЛ. Со добрите партии, осумката на струшкиот клуб го привлече вниманието кон себе.
Казимоски, кој одигра 29 лигашки натпревари, а постигна два гола против Вардар и Саса, игра во средниот ред и за него се распрашуваат повеќе екипи од Втората лига кои завршија во горниот дел на табелата. Истовремено, има и интерес од Првата лига на Македонија.