Караорман и Охрид ги поделија бодовите во „езерското“ дерби без голови

Екипите на Караорман и Охрид се сретнаа во соседското дерби на 17. коло на Втората македонска фудбалска лига и одиграа натпревар кој заврши со најнепопуларниот резултат во фудбалот, 0-0. 

Двете екипи имаа по неколку изгледни прилики за гол, но мрежите мируваа во текот на целиот меч и за жал публиката која беше присутна во солидна бројка, не просведочи ниту еден погодок.

За охриѓани ова беше шанса да се приближат малку кон горните позиции на табелата, но остануваат на деветтото место со 23 бода, а Караорман е претпоследен со четиринаесет освоени бодови. 

Во следното коло Охрид на домашен терен ќе ја пречека прилепска Победа, додека Карароман ќе замине на прилично тешко гостување кај Вардар Неготино