Каранка се специјализира за Чемпионшип: Го презема Бирмингем Сити

Некогашниот помошник на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, Аитор Каранка гради респектабилна кариера во Англија, додека во Шпанија не ни водел екипа. Според британските медиуми, деновиве се очекува потврда на неговиот нов ангажман.

46-годишниот Шпанец ќе го наследи сонародник Клот и ќе седне на клупата на второлигашот Бирмингем Сити. Каранка претходно водеше два клуба од Чемпионшип. По една сезона со дискретни резултати ги водеше Мидлсброу и Нотингем Форест.

Во штотуку завршениот шампионат на Чемпионшип, Бирмингем заврши на 20-то место на првенството, со само два бода над зоната за испаѓање.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.