Каранка и Нотингем Форест спогодбено се разделија

Баскиецот Аитор Каранка не е повеќе менаџер на англискиот второлигаш Нотингем Форест. Самио Каранка побарал од клубот да ја прекинат соработката.

Спогодбен раскин на соработката означи крај на ерата на поранешниот помошник на Мурињо. Сајмон Аирленд веднаш е именуван за нов предводник на тимот.

Каранка меѓу „шумарите“ пристигна минатата година и имаше договор до 2020 година. Нотингем Форест сезонава заостанува 12 бода зад водечкиот Лидс Јунајтед.