ВИДЕО: Карамачоски човек на одлука во дуелот на Преспа и Големо Коњари

Екипите на Големо Коњари и Преспа го затворија 27. коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а мечот понуди еден гол и заврши со три бода за ресенчани (0-1).

И двете екипи во следната сезона ќе играат во Третата лига затоа што веќе сигурно се испаднати, но постоеше игра за престиж.

Еден гол понуди средбата во второто полувреме, а падна во 56. минута. Нико Пластиновски нафрли од левата страна, а во казнениот простор на топката налета Давид Карамачоски кој го совлада противничкиот голман.

За Преспа ова беше петта победа во второлигашката сезона и тимот е тринаесетти. Големо Коњари, пак, е последнопласиран.