Карагер: Финалето со Милан се играше во среда, а јас бев пијан до недела

Точно петнаесет години по „истанбулското чудо“, легендата на Ливерпул Џејми Карагер се присети на магичната вечер која ќе остане запаметена во историјата на Лигата на шампионите. 

Милан до полувреме имаше огромни 3-0, но „црвените“ успеаја да ја анулираат негативата и подоцна на пенали славеа трофеј. Карагер призна дека „росонерите“ биле подобри и Ливерпул успеал да стигне до чудо. 

„Луѓето ни се смееа, многу мислеа дека нема да стигнеме до финалето. Не исмејуваа кога губевме 3-0. Милан одигра едно од најдобрите финалиња во историјата, но во тие шест минути се случи чудо. Повеќе немавме енергија и сакавме само пенали. Чувството кога заврши беше исполнување на детскиот сон. Натпреварот се играше во среда, а јас бев пијан до недела навечер“, призна Карагер. 

Овие генерации имаа и реванш во финалето две години подоцна, кога Милан дојде до својата одмазда и славеше со 2-1.